- Почетна
- За нас
- Услуги
- Персонал
- Галерија
- Во медиумите
- Контакт
Промедика Медикал Центар е приватна здравствена поликлиника во рамките на Промедика. Нашите почетоци датираат од 15.10.2008 година кога почна со работа кабинетот по интерна медицина. Набрзо потоа се отворија и другите кабинети по:
Од 2009 година општата медицина почнува да работи со матични пациенти, а една година подоцна договор со ФЗО склучија и ординациите по дерматовенерологија, физикална медицина, гинекологија и педијатрија.
Поликлиниката исто така нуди услуги за сите корисници на приватното здравствено осигурување на компаниите: Croacia осигурување, Еуролинк, Uniqa, Sava Tabak и Winer осигурување.
Денес во нашата поликлиника работи високо стручен тим од психолог, сестри и доктори од различни специјалности кои се спремни да ја освојат Вашата доверба и лојалност, со тоа што се секогаш тука да Ви помогнат, да Ве посоветуваат, максимално да Ви се посветат, да постават соодветна дијагноза, да дадат соодветна терапија, и сето тоа со цел да не ја изневерат Вашата одлука - грижата за Вашето здравје да им ја препуштите нив.
Мисијата на Промедика Медикал Центар е да промовира ефективни, прифатливи, достапни и интегрирани здравствени услуги како би ги задоволила потребите на клиентите и пациентите за примарна и секундарна здравствена заштита; да обезбеди услуги на модерната медицина базирана на докази; да им овозможи на сите членови на едно семејство, од најмлад до најстар, да ги решат сите проблеми со здравјето во консултација со потребниот специјалист, на едно место и за најкратко време.
Визијата на Промедика Медикал Центар е да стане лидер во приватното здравство и синоним за поликлиника која е секогаш во тек со новите светски трендови од областа на здравствените услуги и технологијата со што на секој свој клиент или пациент му овозможува максимално задоволување на неговите потреби и барања, во модерно опремен простор и топол амбиент, со внимателно одбран стручен кадар кој постојано се доусовршува според светските трендови
„Секој човек што го почитува своето здравје, грижата за него треба да им ја препушти со целосна доверба, на вработените во Промедика Медикал Центар“