- Почетна
- За нас
- Услуги
- Персонал
- Галерија
- Во медиумите
- Контакт
Прашање :
Почитувна Д-р Темелковска
Сакам да побарам стручна помош од Вас. Се работи за малолетно дете на двајца разведени родители кои имаат навистина нарушени односи и не секоја нивна комунакација се одвива со расправија и закани. Пред разводот детето било изложено да ги гледа расправиите на родителите на пример: Како таткото ја тепа и навредува мајката односно класичен пример на семејно насилство.Мајката се разведува од таткото на малолетното дете.Но приказната продолжува и понатаму со тоа што детето кога е на викенд кај таткото постојано му зборува како ќе ја убие мајката и слични разговори и од неговата бабата и дедото на таткото при што детето доживува стесови. Ниту Центарот за социјани работи ниту никој друг неможе да се справи со ситуацијата која и покрај развод од пред четири години постојано малолетното дете го следат стресни ситуации итн ит на кој им нема крај. Детето и покрај неговата 12 годишна возраст сеуште мокри во сонот, има слаб апетит но и потешкотии во училиштето тешко помни. Се однесува понекогаш агресивно, понекогаш е многу мирен и послушен. Што ќе не советувате.
Јас сум негова вујна и колку што можам да сфатам од целата ситуација на детето му е потребна стручна помош од психијатат за да ја надмине оваа ситуација.
Одговор:
Почитувана,
Разводот на родителите претставува губиток и голем стрес за сите членови на потесното и поширокото семејство. После тој губиток следи фаза на тагување, низ која проаѓаат и децата преку лутење, негирање, агресивност, често сето тоа изразено преку физички симптоми како главоболка, болка во стомак, поради немање механизми и можност тоа да се изрази преку емоции. Важно е детето да се поттикнува на разговор за неговите чувства, да се сослуша ако треба и повеќе пати. Во сето ова е и многу важно околината да биде стабилна и да се одржува рутината во животот на детето.
Мој предлог е кај детето покрај поддршката од семејството, да се вклучи и помош од стручно лице, психијатар, кој што може да ги зајакне одбрамбените механизми на детето и да придонесе за тоа да доживеаните реакции од разводот не преминат во симтоми кои ја отежнуваат прилагодбата на новата ситуација.
Прашање:
Здраво! Јас сум самохрана мајка. Имам 4-годишна ќерка. Дететно нема никаков контакт со нејзиниот татко. Често го споменува, но татко и не ја бара воопшто. Често мокри во спиење. Ќе ве молам за совет.
Ви благодарам однапред!
Одговор:
Почитувана,
Ве разбирам дека не ви е лесно. Животот со 4 годишно девојче може да биде турболентен и активен како во сите полиња така и во полето на изразување на емоции. Децата во таа возраст се поприлично љубопитни, па тоа е и една од причините зошто вашето дете ви поставува толку прашања и во врска со таткото.
Кога детето ќе ве праша за таткото одговорете и едноставно и искрено на нејзините прашања. Не треба додатно да ја оптоварувате со премногу информации за да не се предизвикаат негативни емоции . Кога вашата ќерка ќе порасне, ќе може сама да го разбере вашиот однос, ќе сфати која е причината за состојбата во која се наоѓате и ќе може сама да одлучи каков однос сака да има со својот татко. Вие како грижлива мајка може да и пружите одговор на сите нејзини прашања и многу љубов, што верувам и го правите. На ваков начин ќе створите долгорочно квалитетен однос со ќерката. Кога станува збор за ноќното мокрење кое е присутно, најчесто поминува спонтано само од себе, но ако е присутно подолго обратете се кај детски психијатар.
Превземено од www.bebeboom.mk