- Почетна
- За нас
- Услуги
- Персонал
- Галерија
- Во медиумите
- Контакт
Осаменоста е чувство често опишувано низ вековите, од најпознатите поети на минатото до обичниот човек на денешницата. Чувство, скоро секогаш поврзувано со неостварената или невозвратена љубов, чувство дека сме нецелосни, неразбрани. Всушност, осаменоста е непријатно чувство при кое личноста чувствува силна празнина и самотија која што е резултат на несоодветни социјални врски. Секоја осаменост е субјективно искуство. Осаменоста исто така може да се опише како социјална болка која всушност е психолошки механизам наменет да ја алармира личноста околу нејзината изолација и да ја мотивира да бара нови значајни социјални врски.
Субјективниот карактер на осаменоста прави да таа зависи од многу фактори и да има појавност во неколку типови. Во секојдневниот живот луѓето не прават јасна разлика меѓу чувството на осаменост и потребата од самотија. Така на пример, Петер Лаустер вели дека „самотијата е нешто прекрасно бидејќи тогаш се доживуваш самиот себе. Самотијата, тоа си ти, ти додека си дома а не во некое површно дружење. Да бидеш сам, не значи да бидеш осамен, тоа е исполнетост“. Тој вели дека се чувствуваме осамени кога имаме впечаток дека не сме доволно прифатени, сакани, разбрани.
Преземи: Осаменост (.PDF)