Во рамките на Промедика Медикал Центар постои и кабинет за неуропедијатрија кој работи самостојно, но и во соработка со психолошкиот кабинет со цел подобро и побрзо решавање на проблемите, на најбезболен и најприфатлив начин како за децата така и за нивните родители. Во кабинетот се врши:
- Преглед од специјалист неуропедијатар со големо искуство - Проф. Софијанов;
- Советувања за менталното здравје, негово зачувување и унапредување;
- ЕЕГ дијагностика (со софистициран Medex апарат)

Во кабинетот се откриваат и третираат:
- Ментални пореметувања кај децата, хиперактивност, нарушено внимание;
- Епилепсија, како и други неуролошки болести и синдроми;
- Перинатални оштетувања на мозокот и други неуроразвојни пореметувања;
- Главоболки, мигрени и вертигинозни синдроми;
- Церебрална парализа;
- Наследни метаболни и хередодегенеративни заболувања;
- Демиелинизирачки болести;
- Неуромускулни болести (SMA и DMP);
- Други невропатии;
- Примарни енурези (ноќни мокрења).
МИГРЕНАТА БАРА ТИМСКИ ТРЕТМАН (PDF)