Во кабинетот за психологија како семеен и системски советник самостојно работи дипломиран психолог со стекнато знаење и сертификати и во други психотерапевтски правци. Тој е во соработка со педијатар, неуропедијатар, психијатар, гинеколог како и со останатите специјалисти се со цел да се оправда довербата на пациентот и да му се обезбеди најсоодветен третман.
Психологот врши:
- Систематски прегледи, во склоп со останатите прегледи кои влегуваат во соодветниот пакет;
- Психолошко советување на деца и возрасни во областа на менталното здравје, негово зачувување и унапредување;
- Индивидуална психотерапија;
- Психотерапија и советување на парови, деца и семејства;
- Психолошко тестирање и експлорација на личноста;
- Стрес редуктивни методи (при состојби на страв, анксиозност, фобии, стрес, паника);
- Учење на техники на дишење и релаксација;
- Психолошка подготовка за соочување со дијагноза;
- Психоедукативен третман во предоперативниот и постоперативниот период;
- Психолошко советување и помош при страв од медицински интервенции;
- Психолошко советување и подготовка пред, за време на бременост и по породување;
- Психолошко советување на адолесценти и помош за професионална ориентација;
- Психолошки советувања од областа на сексуалното воспитување кај адолесценти, како и советувања во состојба на криза и други пореметувања во таа возраст;
- Психолошки советувања при проблеми со комуникација, конфликтни ситуации на работно место или во семејството;
- Психоедукација и програми за личен раст и развој.
ОСАМЕНОСТ-ОД БОЛКА ДО КРИК ЗА ПОЗИТИВНИ ЧУВСТВА (PDF)