Во рамки на специјалистичката ординација на Промедика Медикал Центар има кабинет за оториноларингологија или народно кажано кабинет за уво, нос и грло. Кабинетот е опремен со најсовремена опрема од областа на ОРЛ. Исто така кабинетот располага со хируршка сала опремена со најсовремена опрема и инструменти, со асептични услови, и при тоа се користат најсовремени средства за стерилизација и дезинфекција, за обезбедување на оптимална заштита од инфекции на пациентите и здравствените работници. Салата се користи за мали амбулантски интервенции кои ги изведува тим од специјалист по оториноларингологија и високообразована медицинска сестра.

Во ОРЛ кабинетот се достапни следните услуги:
- ОРЛ преглед;
- Ласерски Третман на хрчење- Sleep apnea - NightLase третман.
- Ендоскопски преглед на нос и ларинкс;
- Отомикроскопски преглед на уво;
- Испирање на надворешен ушен канал;
- Аудиолошко испитување на слухот;
- Тимпанометрија;
- Апликација на лек во уво, грло и нос (адреналински штрајфни, парафин, бор алкохол, гингикаин);
- Инхалација;
- Дневна болница;
- Ехо преглед на врат;
- Ехо на тироидеа;
- Интервенција :
- отстранување на страно тело од нос, уво,
- отстранување на полипи,
- тампонада на нос,
- биопсија,
- инцизија,
- ставање лепенка;
- Интервенции во грло на меко непце за хрчење со радиофреквентни бранови;
- Интервенции во усна шуплина;
- Третман при крварење од нос (epistaxis);
- Третман на хипертрофични носни школки, полипи во нос;
- Аспирација на назален секрет и секрет од грло;
- Отстранување на поткожни и кожни туморозни формации во предел на глава и врат (атероми, липоми, невуси);
- Корекција на клемпави уши (otoplastica);
- Сутура на VLC во предел на глава и врат;
- Репозиција на нос;
- Тоалета на уста и усна шуплина при гнојни ангини, афтози, стоматит, орална кандидијаза;
- Третман на синуси со солукс лампа (инфрацрвена топлина) и биоптрон (поларизирана светлина);
- Тоалета на трахеостоми;
- Алерготестови со инхалативни алергени;