Во склоп на Промедика Прима Медика работи и педијатриска ординација, која има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Р.Македонија.

Ординацијата Ви ги нуди следниве здравствени услуги:
- Преглед од страна на доктор специјалист педијатар (матичен педијатар);
- Следење на тежина и висина на новороденчиња и мали деца;
- Советување за правилно доење, правилна исхрана на мајките и правилна дохрана на новороденчињата;
- Развојно советување;
- Навремено откривање, советување и третирање на чести инфекции кај новороденчиња;
- Издавање на рецепти и упати (специјалистички, болнички, рентген, лабораториски (Adrialab));
- Апликација на ампуларна терапија (интрамускулни, интравенски и субкутани инјекции);
- Одредување на гликемија во капиларна крв (одредување на нивото на шеќер во крвта со едноставен убод во прст);
- Инхалација.
За сите пациенти кои имаат одбрано матичен педијатар, центарот нуди попусти и до 50% на поголем број услуги.
УСЛУГИ КОИ ГИ НУДИ ПРОМЕДИКА МЕДИКАЛ ЦЕНТАР (PDF)