Ултразвучен преглед на дојка треба да се направи затоа што е:
- безбедна, неинвазивна метода
- не се користат X- зраци (нема јонизирачко зрачење)
- може да се разликуваат цисти исполнети со течност од тврди промени во градата
- брза е, во повеќето случаи прегледот трае до 30 минути
- безболна, сем ако нема грутка која е болна
- сликата се добива веднаш
- создава слика од повеќе агли и различни погледи за анализа
- се препорачува за жени кои не се кандидати за техники кои користат зрачењеː бремени и жени кои дојат, под 25 годишна старост, жени со импланти во градите
- прв тест кај млади девојки и жени, под 30 годишна возраст
- Доплер техниката испитува постоење или непостоење на нормално или абнормално крвоснабдување во промената
- може да се повторува за следење на промената без опасност по здравјето на жената.
Најдобро време да се направи ултразвучен преглед на градите е меѓу 5-тиот и 10-тиот ден од менструален циклус (прв ден е првиот ден од менструација).
Закажете на 02 324 84 54