- Почетна
- За нас
- Услуги
- Персонал
- Галерија
- Во медиумите
- Контакт
Што претставува Когнитивно – Бихејвиорала терапија
Когинтивно – Бихејвиоралана терапија (КБТ) е вид на психотерапија, која го нагласува влијанието на мислите врз чувства и нашето однесување.
Како функционира КБТ ?
Секој КБТ пристап е базиран на когнитивниот модел на емоционална реакција, кој подразбира дека нашите мисли ги предизвикуваат нашите емоции и нашето однесување, а не надворешните случувања сами по себе. Тоа значи дека е возможно да се чуствуваме и однесуваме добро и покрај тоа што несаканата ситуација е присутна или не е променета.
Како? Со тоа што го менуваме начинот на кој размислуваме во врска со таа ситуација.
Оваа промена на начинот на размислување носи:
Во однос на останатите психотерапии КБТ е :
Каков е клиентот во КБТ ?
Клиентот во КБТ има активна улога, поставува цели, активно работи да го промени своето мислење, пробува нови облици на однесување и извршува разни видови на домашни задачи. Овие “домашни задачи“ се неопходни за да клиентот и после часот поминат на психотерапија би ги совладал презентираните техники и би ги применувал во иднина во својот живот за да се чуствува подобро. КБТ му овозможува на клиентот да открие дали базичните верувања што ги има научено во минатото во однос на себе, другите и светот се точни, реални и корисни за сегашноста.
Каде се применува КБТ ?
Истражувањата покажуваат дека КБТ може успешно да се применува кај луѓе со различни клинички и неклинички проблеми како што се:
Добри резултати се постигнуваат со примена на КБТ во комбинација со медикаментозна терапија, доколу е неопходна во дадениот случај.
Пишува д-р Тина Темелковска, психијатар