Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Медикал Центар
promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Сончаница и топлотен удар

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Медицински транспорт

Повеќе

Сончаница и топлотен удар

Сончаница е состојба која се јавува како последица на долготрајна изложеност на главата, особено тилот, на висока тепература т.е сочеви зраци.

Најчести симптоми кои се јавуваат, а личат на потрес на мозок се:

- слабост и замореност

- главоболка и вртоглавица

- мачнина и нагон за повраќање

- леплива и влажна кожа

- благо покачена телесна температура

- зацрвенета или бледа боја на лицето 

Доколку не се интервенира навреме може да се јави зуење во ушите, проблеми со видот, малаксаност, а во потешки случаи општа зашеметеност, забрзан пулс, плитко дишење и несвестица, во крајни случаи кома или смрт.

Ало докторската помош не е достапна, применете едноставни домашни третмани како што е разладување во ладна вода и конзумирање на поголема количина вода и други напитоци (не алкохол!).

Топлотниот удар е еден од најтешки компликации на термички стрес, настапува шок за организмот. Температура на телото се зголемува и до над 40 степени. Ова е акутна состојба, настанува нагло и без најава, поради пореметена терморегулација на организмот.

Топлотниот удар не мора секогаш да се јави на отворено,  односно при директно изложување на сонце. Може да се јави кај спортисти кои тренираат во крајно топли услови, кај пекари или кујнски работници, деца оставени во многу топли простори.

Симптоми кои се јавуваат, a може да водат до смрт и кома доколку не се интервенира на време:

- видливо силно потење (леплива, бледа и влажна кожа)

- зголемена температура

- тахикардија (забрзана работа на срцето)

- забрзано дишење

- низок крвен притисок

- вртоглавица и главоболка

- замор

- грчево во раце, нозе

- мачнина и повраќање

- нестабилен од

- крв во столица и урина

- губиток на свест.

Превенција:

- носете соодветна облека (шапки и лесна облека од природни материјали)

- почесто разладувајте го телото особено главата и тилот

- внесувајте повеќе течности (да се избегнува алкохол и кофеински пијалоци)

- избегнувајте изложеност на сонце кога УВ индексот е најголем (од 10-17 часот).

Третман:

- прво и најважно е да се тргнете во ладовина, да се тргнете од директна изложеност на сонце, на поладно и сенковито место.

- отстранете ја непотребната облека

- ладен туш, облози од мокри пешкири, обвиткување со мокар чаршав, прскање со вода

- внесувајте голема количина на течности (голтка по голтка, доколку имате нагони за повраќање

- доколку од било кои причини настапи прекинување на работата на срцето,треба да се пристапи кон срцево-белодроно оживување.

 

пишува Д-р Кристина Милевска, доктор по ошта медицина

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти