- Почетна
- За нас
- Услуги
- Персонал
- Галерија
- Во медиумите
- Контакт
Луѓето се раѓаат со два бубрега, но некои имаат само еден и живеат нормален, здрав живот. Тој бубрег се вика солитарен бубрег. Еден здрав бубрег може да работи за два бубрега.
Имате шанса да живеете нормален живот со еден бубрег. Но, сѐ зависи од вас. Со здрава исхрана, избегнување на нефротоксични лекови, редовни лекарски контроли, пиење доволно вода и одржување здрава тежина може да го заштитите бубрегот што го имате.
Три главни причини зошто може да имате еден бубрег:
Ако сте родени со само еден" бубрег кој работи" бубрегот кој го имате ќе расте побргу ("компензаторно растење") и ќе биде поголем од нормално. Ова помага да ја заврши работата која двата бубрега нормално ја вршат. Еден здрав бубрег може да работи исто како и два бубрега.
Повеќето луѓе со еден здрав бубрег имаат малку проблеми, живеат здрав, полноценен, нормален живот без проблеми. Советите за живот со еден бубрег важат за сите, здрава исхрана, физичка активност, одржување на здрава телесна тежина, доволна хидтратација и редовни лекарски контроли. Но, има и некои специјални мерки на предострожност кои треба да ги превземат.
Вашиот лекар треба да знае дека сте со еден бубрег за да се превенира оштетување од лекарства или медицински процедури.
Ако имате еден бубрег проверувајте ја бубрежната функција на 6 до 12 месеци за да бидете сигурни дека бубрегот работи добро. Проверката е со едноставни крвни и уринарни тестови. Кога еднаш ќе се одреди бубрежната функција ќе знаете дали имате бубрежна болест, ако имате во кој стадиум е и кои мерки треба да се превземат за да се одржи бубрегот здрав колку што е можно. Кај некои луѓе може, подоцна во тек на животот, да се јави благ губиток на бубрежната функција но животниот век е нормален.
Ризикот за висок крвен притисок е поголем ако имате еден бубрег. Важно е лекарот да знае дека сте со еден бубрег, некои лекови се попријателски расположени кон бубрегот од други.
Дали може да спортувате ако имате еден бубрег? Физичката активност е добра и здрава. Но, важно е да сте внимателни и да се заштитите од повреда. Подобро да се избегнуваат спортови каде има близок контакт (фудбал, бокс, хокеј, борење). Носење на заштитна опрема, тапацирано елече под облеката помага да се заштити бубрегот во тек на спорт. Ова го намалува ризикот, но не го исклучува потполно. Секогаш треба да имате на ум за ризиците при одредена активност.
Пишува д-р спец. Маја Милованчева - Поповска, интернист-нефролог