Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Медикал Центар
promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Колку вода треба да пиеме...

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Медицински транспорт

Повеќе

Колку вода треба да пиеме на ден?

Колку вода треба да пиеме на ден?

Колку вода треба да пиеме зависи од нас самите и од факторите кои влијаат на потребата за вода. Телото содржи околу 60 % вода. Вода постојано губиме, пред се со урината и потењето. Се препорачува да се пие 8 чаши вода на ден, околу 2 литри. Некои препорачуваат да пиеме вода постојано во тек на денот. Најважно е да останеме добро хидрирани.

Никој не може да ни каже колку вода ни треба. Како и со другите нешта, ова е индивидуално. Некои луѓе подобро функционираат со повеќе вода од вообичаено, на други им пречи почестото одење во тоалет.

Водата го зголемува нивото на енергија и ја подобрува функцијата на мозокот. Ако не сме доволно хидрирани, нивото на енергија и мозочните функции страдаат. Дехидрацијата дава ефекти дури и при губиток на 2% од телесната вода. Ова се случува кога многу се потиме, при вежбање или при горештини.

Дехидратацијата негативно влијае на физичките способности, се намалуваат издржливоста и мотивацијата, вежбањето се чувствува многу потешко, физички и ментално. По вежбањето се намалуваат расположението и концентрацијата. Оптималната хидрација го намалува оксидативниот стрес кој се јавува во тек на интензивно вежбање (мускулите се околу 80% вода). Затоа, ако интензивно вежбаме и се потиме важно е да останеме хидрирани.

Дехидратацијата негативно влијае на мозочните функции, се менуваат расположението, концентрацијата, помнењето, се јавува анксиозност. Мозокот е силно повлијаен од статусот на хидрација. Дехидрацијата може да "откочи"  главоболка и мигрена и да влијае на интезитетот и времетраењето.

Зголемен внес на вода добро влијае на некои здравствени проблеми. Опстипација (запек) е чест проблем, зголемен внес на вода секогаш се препорачува како дел од третманот.

Бубрежни каменчиња. Зголемен внес на вода го намалува ризикот за каменчиња во уринарниот тракт. Висок иот внес на вода го зголемува волуменот на урина, се разредува концентрацијата на минерали и тие помалку кристализираат за да формираат каменчиња. Обилен внес на вода превенира рекуренција кај лица кои претходно имале каменчиња.

Водата помага побрзо да се надмине мамурлакот по пиење на алкохол. Алкохолот е диуретик и губиме повеќе вода отколку што сме внеле. Ова води до дехидрација, сува уста, жед, главоболка и слабост. Добар начин да се ублажи оваа мачна состојба е да се пие една чаша вода помеѓу два алкохолни пијалоци и да се испие една голема чаша вода пред спиење.

Внес на други течности и храна која содржи вода исто така допринесува за балансот на течности. Кафето и чајот поради кофеинот се сметаат за диуретици. Но нивниот диуретски ефект е многу слаб. Храната содржи значителна количина вода, 20-30% од водата ја добиваме преку храната. Зеленчукот и овошјето содржат 80-90 % вода. Неочекувано богат извор на вода се тестенините оризот, јајцата, рибата, морските плодови.

И повторно се прашуваме, колку вода е доволно вода? Верувајте му на чувството за жед. Одржување на балансот на вода е есенцијално за преживување. Еволуцијата создала сложен механизам за регулација кога и колку да пиеме. Жед се јавува кога вкупната вода во телото падне под одредено ниво. Ова е контролирано со посебни механизми и ние не треба свесно да мислиме за внесот на вода. Инстинктот за жед е многу сигурен и не одржува живи. Одредени состојби (при зголемено потење) бараат зголемен внес на вода. Внесот на вода треба да се зголеми и при доење како и при болести со повраќање и диареа. Постарите лица треба свесно да внимаваат на внесот на вода; механизмот за жед е нарушен кај постари.

Пишува д-р спец. Маја Милованчева - Поповска, интернист-нефролог

 

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти