Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Главен пулт

Трудова медицина и систематски прегледи, интерна медицина, кабинет за ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија и ласер кабинет , педијатрија, општа медицина, психијатрија, психологија, неуропедијатрија, лабораторија , хирургија, стома центар и центар за рани

Телефон: 02 3248 454

Спрат бр. 2

Физикална

Физикална медицина и рехабилитација

Телефон: 02 3248 451

Спрат бр. 1

Гинекологија

Телефон: 02 3248 468

Спрат бр. 3

Стоматологија

Заботехничка лабораторија

Телефон: 02 3248 482

Спрат бр. 3

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Медикал Центар
promedika logo
Закажете преглед

пребарај

Што е тоа циститис?

Систематски прегледи

Повеќе

Ласерска епилација

Повеќе

Медицински транспорт

Повеќе

Што е тоа циститис?

Се преладивте и сега имате нагон за често мокрење, ве боли, пече и жари најсилно на крајот на актот на мокрењето. Урината е матна, крвава и непријатно мириса. Чувствувате нелагодност во долниот дел од мевот. Можно е да имате циститис, акутно воспаление на мочниот меур. Циститот е често заболување кај жените. Мочниот меур и мочниот канал кај жените и мажите се различно градени. Мочниот канал кај жените е пократок и е во близина на отворот на вагината и аналниот отвор, кои често содржат бактерии, затоа инфекциите се многу почести.

БАКТЕРИИТЕ се најчести предизвикувачи, но воспаление може да предизвикаат и вируси и габички. Воспаление се јавува и по употреба на урокатетер, зрачна терапија и со токсични агенси и лекарства. Кај жени цистит често се јавува по полов однос, "цистит на меден месец". Микроорганизмите се неопходни за појава на цистит но потребни  се и други фактори: застој на урина, конгестија на органите во мала карлица при бременост, менструација, студ, пролапс на матка,  повреда, каменчиња, слаби хигиенски услови, интензивна физичка активност, некои облици на контрацепција (дијафрагма, спермициди на кондомите), чести полови односи со различни партнери, намалена влажност на вагината.

цистис, cistitis

ЕШЕРИХИЈА КОЛИ е бактерија која најчесто се среќава кај жени, Протеус кај мажи. Цистит предизвикуваат и Клебсиела, Ентеробактер, Псеудомонас, Кламидија, Трихомонас, Кандида Херпес вирус и Гонокок. Кај дијабетичари предизвикувач често е Кандида.

ДИЈАГНОЗАТА се поставува на основа на клиничката слика, симптомите и наодите, прегледот на урината. Со уринокултура се открива која бактерија е причинител и на кој антибиотик е осетлива. На бацилот на туберкулозата, на Хламидија и Микоплазма се мисли кога постојат симптоми и леукоцити во урината, но уринокултурите се стерилни. НА ПРОМЕНИ ВО УРИНАРНИОТ СИСТЕМ се мисли ако инфекцијата не поминува со терапија или се повторува. Интравенската урографија, ултразвук, цистоскопија може да покажат каменче, везикоуретерален рефлукс-враќање на урина од мочниот меур во мочните канали, хронично воспаление на бубрег или фистула меѓу мочниот меур и вагината или дебелото црево.

УРОАНТИСЕПТИЦИ и АНТИБИОТИЦИ се применуваат во лекувањето. Ефикасно лекувањето се оневозможува ако пациентот за да се ослободи од тегобите сам зема лекови пред да се консултира со лекар и инфекцијата за неколку недели може да се повтори. Не постои посебна исхрана но треба да се зема многу течности, вода, над 3 литри и да се намали внесот на шеќери, ваштачки засладувачи, силно зачнета и пржена храна, газирани пијалоци и оние кои осдржат кофеин, алкохол.

Пишува д-р мед. сци. Маја Милованчева - Поповска, интернист-нефролог

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Fb widget

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Советувалиште за стома пациенти