Јансен е германски професионален бред кој што опстои повеќе од 20 години и континуирано се грижи за убавината и негата на здравата кожа.
Третмани:
Кожата многу брзо добива блед и стар изглед кога не е адекватно негувана со активни супстанци кои ја навлажнуваат. Еластичноста на кожата се намалува. Брчките кои се предизвикани од сувост на кожата или брчките околу устата, стануваат видливи. Затоа билошките третмани со фитогени маски претставуваат комбинации кои на кожата и даваат додатно количество на влажност и долготраен свеж изглед на кожата. Фитогените маски се составени исклучително од природни состојки и третираат соодветно различни типови на кожа со различни проблеми. Комплетно регенерираат, ексфолираат, детоксифицираат.
Чуствителната кожа многу лесно се иритира. Таа е напната , често е оштетлива и хиперсензитивна кон надворешни влијанија. Колаген лист маската го зајкнува природниот одбрамбен систем на кожата кој што е незаменлив за овој тип на кожа. Колаген лист маските се крајно ефикасни маски во форма на меки листови , кои што се навлажнуваат со Океанскиот минерален активатор или чиста вода, и се лепат на кожата на лицето. Биолошките третмани со колаген лист маска делуваат превентивно кон кожа која е склона кон црвенило и перутање . Морската состојка Chitosan која е составен дел од овој третман овозможува висок степен на влага . Делуваат преку процес на осмоза. Самиот третман делува на комплетно подмладување на кожата на лицето и после еден тертман. За најдобар ефект , треба да се направат сериски третмани препорачливо е еднаш неделно.