Овој вревен француски бренд, секогаш прецизен и одговорен за своите постапки ги создаде своите непофторливи производи кои се на баз на алги и природни супстанци кои даваат конкретни резултати, и го создаде овој специфичен ритуал на третманите кои се применува само во салоните за убавина и спа центрите.
Thalgo негата за лице се двива низ три фази:
Опис:
(наменет за кожа над 45 год)
Силициум третманот е наменет за зрела кожа над 45 . Во составот на серумите на овој третман се содржи кофеин кој ги топи маснотиите во поткозното ткиво посебно во долниот дел на лицето (подбрадокот).Исто така овој третман е карактеристичен по тоа сто се аплицираат две маски истовремено: едната на горниот дел на лицето,очите и челото и делува за намалување и измазнување на борите, додека другата маска се нанесува на долниот дел од лицето и ги опфака образите,брадата и побрадокот и е наменета за да ги задржи контурите на лицето делува против опуштањето на тонусот на кожата.
(наменет за кожа од 35-45)
Хијалуронскиот третман е наменет за возраст над 35. Целта на овој третман е да ја зголеми влажоста на кожата за да се успори процесот на стареење предизвикан од губење на вланост ( дехидрација).Овој третман е карактеристичен по тоа сто се употребуваат филери кои се нанесуваат индивидуално на секоја бора посебно, а исто така и маската се нанесува дирекно врз борите. Магичното дејтво на овој третман е тоа што во препаратите се содржат дехидрирани молекули на хијалуронска киселина (кои при третманот со посебана масажа навлегуваат под кожата).Молекулите на хијалуронската киселина ја апсорбираат водата од околината и си го зголемуваат волуменот. На тој начин хијалуронот делува како филер.
(наменет за возраст до 35)
Целта на овој третман е да ги измазни фините линии кои се последица на губење на еластицноста на кожата.
Заедничко на овие три третмани е тоа сто се применува нова метода на масажа за подобрување на тонусот и циркулација на крв во кожата и примена на пилинг кој содржи алуминиум оксиди ( микро кристали) за отстранување на мртвите клетки од површината на кожата.