Ние во Промедика знаеме дека обезбедувањето на квалитетен сервис и резервни делови се едни од најважните критериуми при изборот на снабдувач на опрема за Вашите ординации и техники. Затоа, покрај нашата определба да Ви понудиме единствено квалитетни апарати, правиме сè за да Ви овозможиме високо-квалитетен и навремен сервис.
Нашиот
тим од професионални сервисери има долгогодишно искуство и знаење кое е стекнато на овластени обуки организирани од нашите партнери - производители на опрема. Квалитетното
сервисирање го обезбедуваме и со употреба на најсофистицирани инструменти, опрема, алати и апарати при сервисните активности.
На овој начин сме во можност да Ви понудиме трајни, современи и квалитетни решенија при монтажа, одржување и сервисирање на опремата и со Вас да изградиме професионален однос базиран на сигурност и доверба.
Услуги:
- бесплатни испорака и монтажа на апарати набавени од Промедика
- обезбедување оригинални гаранции од производителите
- одржување на опремата набавена во Промедика
- обука за правилно користење на апаратите
- сервисирање со оригинални резервни делови од производителите
- бесплатна консултација при планирање на нови ординации и забни техники со потребни техничко - просторни карактеристики
- издавање писмена гаранција од 6 месеци за секој сервисиран апарат
- нудиме едногодишен договор за сервисирање и одржување на целата опрема во Вашата ординација или забна техника набавена во Промедика. Преку склучување на ваков договор обезбедувате приоритет во сервисирањето и редовно одржување на апаратите со што ја зголемувате нивната долготрајност.
Од опремата која што ја користиме во нашиот сервис би го издвоиле нашиот нов апарат за сервисирање на насадни инструменти кој е единствен на овие простори. Овој апарат ни овозможува да ја дијагностицираме состојбата на турбините, микромоторите и насадните инструменти без нивно отворање, како и да извршиме балансирање на турбо-колото/роторот, како најважен дел на овие инструменти.
Само со редовно сервисирање и одржување Вашата опрема може правилно и долготрајно да функционира!