ПРОМЕДИКА располага со повеќе од 1000 м2 најсовремено опремен магацински простор кој во целост ги задоволува барањата на Добра Дистрибутивна Пракса (Good Distribution Practice) и Добра Пракса на Складирање (Good Storage Practice).
ПРОМЕДИКА располага со царински склад кој покрај стандардите за складирање на лекови ги исполнува барањата и стандардите согласно Царинскиот закон на Р. Македонија. Во согласност со барањата на Добра Дистрибутивна Пракса (Good Distribution Practice ) обезбедена е контролирана температура и влажност на воздухот која се потврдува со периодично повторување на температурното мапирање.
ПРОМЕДИКА има специјализиран простор, опрема и возила, како и обучен кадар за увоз, складирање и дистрибуција на лекови од ладен ланец. Опремата на магацините покрај ладните комори вклучува фрижидери, дигитални термометри, дигитални мерачи на влажност и уред за алармирање на промените во температурата во ладните комори и фрижидерите. Коморите, термометрите и мерачите на влажност подлежат на континуирана годишна калибрација.