Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Медицина

Телефон: 2 3248 434

Моб: 071 371 866

Факс: 02 3248 401

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил
promedika logo

пребарај

Педијатриски систем за стома

Центар за третман на рани и стома

Повеќе

 

Педијатриски систем за стома

Карактеристики на детските системи „Little Ones®” = „За малечки”

ConvaTec во својата производна програма нуди цела низа на производи наменети исклучиво за деца.
ConvaTec име за сите детски помагала за стома е  Little Ones®, односно „За малечки”, и тие се користат кај деца кои со оперативен зафат се здобиле со колостома, илеостома или уростома.
Little Ones® производите нудат голем број можности за задоволување на сите потреби кај децата. Секој од производите е изработен со посебно внимание заради уникатната големина и облик на детското тело.
Little Ones® производите се изработени така да се има во предвид активноста на децата. Производите се свитливи, долготрајни, едноставни за отстранување и со најмала можност за незгода. Родителите ги сакаат овие производи бидејки на нивните деца им овозможуваат да се занимаваат со својата работа а тоа е да бидат деца!
Во Little Ones® производната линија на стома помагала за најмалите стомачиња има 2 основни типа на системи за стома ׃
  • едноделен педијатриски систем за стома
  • дводелен педијатриски систем за стома.

ЕДНОДЕЛНИ ПЕДИЈАТРИСКИ СИСТЕМИ ЗА СТОМА

Little Ones® стандарден едноделен систем:
  • за деца со тежина поголема од 4,5 кг.
  • достапни типови׃ кесички со испуст кај колостома и илеостома, и кесички со испусен чеп кај уростома
  • системот  е тенок, лесен ,со мали димензии и едноставен за употреба
  • подлогата која се лепи на кожата е нежна и содејствува со осетливата и нежна детска кожа.
  • кесичките се меки ,неприметливи под облеката и го намалуваат непријатниот мирис.
   
 Little Ones®
кесичка со испуст

 Little Ones®
кесичка со испусен чеп

Little Ones® Esteem едноделен систем
  • посебно мал педијатриски систем за стома наменет за деца со тежина помала од 4,5 кг
  • достапни типови׃ кесички со испуст кои од едната страна се проѕирни за да може да се врши пост-оперативен надзор на содржината а страната која е свртена кон детското тело е покриена со памучна ткаенина
  • овој систем има и шаблон за сечење на потребниот стома отвор на кесичката
  • Invisiclose® начин на затварање /отварање на кесичката што дава комплетна сигурност при затбарање на кесичката.

Little Ones® Esteem  кесичка со испуст

ДВОДЕЛЕН ПЕДИЈАТРИСКИ СИСТЕМ ЗА СТОМА

Little Ones® стандарден дводелен систем 
  • за деца со тежина поголема од 4,5 кг.
  • овој систем се состои од׃ лепливи плочки  и  3 типа на кесички׃
         затворени (за колостома),
         со испуст (за илеостома),
         со испусен чеп (за уростома)
  • лепливата плочка и кесичката се спојуваат со пластично прстенесто спојување кај кое што звучното кликање е потврда за правилно спојување -затвoрање на системот.
       
Little Ones®
стандардна плочка
Little Ones®
затворена кесичка
Little Ones®
кесичка со испуст
Little Ones®
кесичка со испусен чеп


ConvaTec-САД