Карактеристики:
Дводелниот систем се состои од 2 дела и тоа ׃
од леплива подлога -плочка, се поставува на телото во зона на стомата и
соодветен тип на кесичка, која се спојува со лепливата плочка.
При користење на дводелниот систем се менуваат и отстрануваат само кесичките а лепливата подлога -плочката се менува на неколку дена.
Дводелниот систем во зависност од типот на кесата и дневните активности овозможува брзо и едноставно менување на кесичката.
Дводелниот систем во зависност од типот на стомата може да се користи со ׃
со затворени кесички (за колостома )
со кесички со испуст (за илеостома)
со кесички со испусен чеп (за уростома).
ConvaTec го нуди следниот тип на дводелен систем ׃
COMBIHESIVE 2S ДВОДЕЛЕН СИСТЕМ
Во светот тоа е најуспешниот и најдологовечниот систем било кога применет и кој е во примена повеќе од 3 децении со постојано осовременување на производните циклуси
Се состои од леплива подлога-плочка и 3 типа на кесички. Спојувањето на лепливата плочка и соодветната кесичка се изведува со пластично прстенесто спојување кое се наоѓа и на лепливата плочка и на кесичката .Пластичното прстенесто спојување на плочката и кесичката е гаранција за сигурно спојување (со слушање на „клик“ звукот )
I. COMBIHESIVE 2S ЛЕПЛИВИ ПЛОЧКИ
Convatec во својата широка производствена програма ги нуди следните типови на лепливи подлоги-плочки за стома.
1. COMBIHESIVE 2S СТАНДАРДНА ПЛОЧКА
Duoflex ®стандардна
леплива плочка
Flexy ®стандардна
леплива плочка
Stomahesive®
стандардна
леплива плочка
Convex Durahesive®
стандардна
леплива плочка
2. COMBIHESIVE 2S МОДЕЛИРАЧКА ПЛОЧКА
Combihesive 2S е систем со широк производен ланец во кој е вклучена и најновата производна иновација моделирачка технологија на лепливите плочки. Овој тип нa плочки кои имаат можност за моделирање со помош на ова својство се моделираат и обликуваат точно според обликот и големината на вашата стома, со тоа се остварува целосен и потполно прилагоден спој на лепливата плочка без употреба на ножици. Во пракса најчесто до брзо оштетување на кожата која е блиску до стомата (парастомална кожа) доаѓа поради нејзино непокривање со лепливата плочка .
Затоа, ConvaTec произведе Combihesive 2S моделирачки плочки кои се изработени со примена на моделирачка технологија со која се постигнува целосно ,идеално покривање на кожата околу стомата.Тоа значи дека со употреба на оваа плочка која има способност да се моделира точно според обликот и големината на стомата можноста да дојде до непокриени делови на парастомална кожа е сведена на минимум. Combihesive 2S моделирачките плочки благодарение на моделирачко својство едноставно се користат, без потреба за нивно сечење и користење на ножици.
При подготовка на моделирачката плочка се почнува со замотување (не растегнување) на моделирачкиот слој наназад кон пластичниот прстен, за да се обликува и добие големината и формата на вашата стома на отворот на плочката.
Кај стандардните Combihesive 2S плочки за разлика од моделирачките Combihesive 2S отворот на плочката кој треба да одговара на обликот и големината на стомата мора да се креира со употреба на ножици, при што неможе да дојде до идеално покривање на најблиските делови околу стомата. Заради тоа при користење на стандардните лепливи плочки за разлика од моделирачките покрај употреба на ножици бараат и употреба на Stomahesive® 60 гр. заштитна паста. ConvaTec лепливите плочки изработени со моделирачка технологија идеално и лесно се прилагодуваат на секој облик и големина на стома.
Моделирачката плочка секогаш е нежно споена и прилепена до вашата стома и тоа додека работите, вежбате, се забавувате или одмарате. Отворот на моделирачката плочка лесно се шири или стеснува како би се задржал постојан тесен и удобен спој со стомата .
Типови Combihesive 2S моделирачка плочка:
Moldable Flat
рамна моделирачка леплива плочка
Convex конвексна моделирачка леплива плочка
II. COMBIHESIVE 2S КЕСИЧКИ
Combihesive 2S системот поседува 3 типа на кеси׃
1. ЗАТВОРЕНИ КЕСИЧКИ ЗА ПАЦИЕНТИ СО КОЛОСТОМА
за еднократна употреба кај пациенти со колостома, кога треба да се смени едноставно се откопчува од лепливата плочка се става во кесичка за отпад и се отстранува на соодветно место
може да е со или без филтер
филтерот ги неутрализира непријатните мириси при испуштање на гасови и спречува надувување на кесата
пластичното прстенесто спојување овозможува сигурен (звучен клик) спој на кесичката и лепливата плочка
затворена кесичка со
или без филтер
мини затворена кесичка
стома капа
(по иригација и за
спортски активности)
2. КЕСИЧКИ СО ИСПУСТ ЗА ПАЦИЕНТИ СО ИЛЕОСТОМА
се користат за повеќекратна употреба кај пациенти со илеостома
заради потечната и помека столица на крајот имаат испуст кој се затвара /отвора со специјална штипка и преку кој се врши празнење на содржината
кесичките за илеостома се без филтер
ги има и во мини верзија
пластичното прстенесто спојување овозможува сигурен (звучен клик) спој на кесичката и лепливата плочка .
кесичка со испуст
мини кесичка со испуст
3. КЕСИЧКИ СО ИСПУСЕН ЧЕП ЗА ПАЦИЕНТИ СО УРОСТОМА
Combihesive 2S кесичките со испусен чеп се користат за повеќекратна употреба кај пациенти со уростома .
уростомските кесички имаат специјална анти-рефлуксна преграда која оневозможува враќање на урината од кесата кон
заштитна перфорирана ткаенина и можност за избор на 2 типа испусен чеп.
пластичното прстенесто спојување овозможува сигурен (звучен клик) спој на кесичката и лепливата плочка