Едноделните системи се потенки и со понизок профил во однос на дводелните системи , поради што помалку се приметливи под облеката. Едноставни се за употреба. При секое менување кесата целосно се отстранува од телото.
Достапни се за сите 3 типа на стоми :
Затворени кеси (за колостома),
Кеси со испуст (за илеостома)
Кеси со испусен чеп (за уростома).
ConvaTec нуди два модели на едноделен систем за стома, а тоа се :
Stomadress Plus и
Esteem
Stomadress Plus - едноделен систем за стома
Stomadress Plus е нежен и идеално свитлив едноделен систем за стома кој идеално го прати обликот на телото и кај кој лепливата подлога и кесата се заедно споени во една целина.
Постојат 3 типа на Stomadress Plus кеси:
1. Colodress Plus - затворена кеса (за колостома)
Colodress Plus е кеса за еднократна употреба за пациенти со колостома,има вграден филтер кој содржи јаглен против непријатните мириси . Преслечена е со перфориран заштитен материјал од страната на телото. По користење кесата целосно се отстранува од телото
2. Stomadress Plus - Стома капа (при спортски активности и по иригација)
за пациенти со колостома.
3. Ileodress Plus - кеса со испуст (за илеостома )
Лесен и идеално свитлив систем, едноставно се употребува. Ileodress Plus кесата е со испуст, кој овозможува нејзино лесно празнење и испуштање на нејзината содржина. Отворот на кесата се затвара / отвора со специјална сигурносна штипка. Кесата е наменета за пациенти со илеостома. Преслечена е со специјален перфориран заштитен материјал. По користење кесата во целост се отстранува од телото .
4. Urodress Plus - кеса со испусен чеп (за уростома )
Лесна и идеално свитлива кеса, која едноставно се употребува кај пациенти со уростома. Urodress Plus кесата е со испусен чеп кој е сместен на дното од кесата со што се овозможува нејзино лесно празнење како и конектирање на кеси со поголем капацитет. Во Urodress Plus кесата се интегрирани и анти-рефлуксни прегради кои оневозможуваат враќање на урината од кесата кон уростомата. Од страната кон телото е преслечена со перфориран заштитен материјал.
Тип на
стома
со
шифра на ФЗО
Шифра
на ФЗО
за тип на стома кеса
Димензии
на едноделен систем
(mm)
Име на помагало
Дозволена
количина од ФЗО
(1 месечно)
КОЛОСТОМА Z 93.3
83100
19-65 мм
Stomadress
до 60 кеси
ИЛЕОСТОМА Z 93.2
84100
19-65 мм
Ileodress
до 60 кеси
УРОСТОМА Z 93.6
85100
19-65 мм
Urodress
До 60 кеси
Esteem едноделен систем
Esteem едноделениот систем за стома ви нуди употреба на стома помагало во „еден чекор”, а тоа значи без дополнително закопчување на кесата за лепливата подлога. Едноставен е за употреба и едукација на пациентите. Во овој производ , ConvaTec успеа да го унапреди составот на Stomahesive® лепливата подлога,на тој начин што таа доби исклучителна лепливост која што истовремено не е агресивна за кожата на телото. Лепливата подлога е со овална форма која што и овозможува совршено да го прати обликот на телото, а специјалната закривена форма на кесата овозможува поголема удобност при носење.
1. Esteem - затворена кеса (за колостома)
Тоа е едноделен систем кој прави нежен контакт со кожата на телото,истовремено е сигурен за носење и едноставен за употреба. Свитлив и дискретен благодарение на својата ергономска изведба. Esteem едноделната затворена кеса е наменета за пациенти со колостома. Содржи ефикасен унапреден филтер кој има дополнителна преграда против непријатна миризба. Подлогата на кесата е изработена од Stomahesive ® технологија, што ја прави пријатна и нежна за кожата околу стомата.
2. Esteem - кеса со испуст (за илеостома )
Свитлив и дискретен Esteem едноделен систем,кој е комбинација на леплива подлога и кеса во една целина ,што го прави овој систем едноставен,сигурен и згоден за користење. Esteem едноделниот систем со испуст наменет е за пациенти со илеостома . За разлика од Stomadress Plus едноделниот систем со испуст Esteem е унапреден со ефикасен филтер со дополнителна заштитна преграда против непријатни мириси. Esteem кесите со испуст се дизајниранa така да овозможуваат едноставно празнење на содржината и имаат механизам на затварање/отвoрање на кесата со специјална штипка .