Компанијата Fotona e формирана во Словенија во 1964 година. Тогашниот пионер во ласерската технологија, денес, со своето 45 годишно искуство, претставува светски водечки бренд во областа на комуникацијата, воената индустрија, но најмногу во медицинската ласерска технологија.
Застапени на светскиот пазар (Америка, Европа, Австралија) ласерските системи на Fotona ги поместуваат границите на ласерската технологија. Создадени до технички перфекционизам, обезбедуваат најнапредна, најспособна, најсигурна и најдоверлива ласер технологија во светот.
Ласерските системи на Fotona произведуваат три бранови должини за сите видови третмани:
Денеска, иако понудата за ласерски третмани е голема, вистинската конкуренција на Fotona е минимална.
Со VSP-variable square pulse технологијата која е единствена за Fotona, може да го прилагодите времетраењето на ласерскиот пулс и енергија при специфичната апликација и да го постигнете саканиот клинички исход само со допир на едно копче кое ќе ви обезбеди висок комфор на пациентот и минимален ризик од несакани ефекти.
EFC-energy feedback control технологијата Ви дава целосна сигурност дека испорачаната енергија ќе допре до вистинското место без нејзина загуба и ќе ве поштеди од повторно поставување на параметрите при секое вклучување на системот.
Мулти-платформните Fotona ласерски системи (комбинација од бранови должини), нудат широка палета на различни третмани и комбинации од естетската медицина, дерматологија и хирургија. Со поседување на еден ваков систем, единствено Вие на пазарот ќе можете да им понудите на вашите клиенти високо квалитетно и комплетно решение за нивните потреби и желби заштедувајќи време и пари.
Промедика како единствен овластен дистрибутер и сервисер за Fotona ласерите на територија на Македонија, ќе Bи овозможи Fotona ласерите да станат дел од вашата секојдневна пракса. Стручниот тим кој работи на програмата на Fotona, со своето искуство во ласер терапијата ќе ви даде целосна техничка поддршка.
Fotona нуди супериорна технологија како најдобар одговор за широк спектар на индикации со кратки третмани и веднаш видливи резултати. Повеќе информации за сите производи на Fotona можете да најдете на нивната интернет страница на www.fotona.com
Контакт
Др. АНА ДАМЈАНОВА
e-mail: damjanova_a@promedika.com.mk