- Почетна
- За нас
- Услуги
- Персонал
- Галерија
- Во медиумите
- Контакт
Протеините се многу важни за раст и функционирање на организмот. Тие се еден од главните градивни материи во телото. Телото ги користи за градба на мускули и коски, да ја одржуваат крвната цискулација, да се борат против инфекции. Појавата на повеќе протеини во урината може да укажува на бубрежна болест или други медицински состојби.
Кога крвта поминува низ бубрезите, тие ги филтрираат отпадните материи и вишокот на вода. Молекулите на протеините поради својата големина не можат да поминат низ филтрационата бариера во бубрезите и се задржуваат во крвта. Во физиолошка состојба, кога човекот е здрав, количината на протеини во урината е минимална. Зголемено излачување упатува на болести на бубрезите или системски болести.
Ако е оштетена филтрационата бариера во бубрезите протеините лесно минуваат во урината. Некогаш наодот на протеини во урината е единстевен знак за пореметување на бубрезите.
Но, треба да се запомни дека отсуство на протеинурија не исклучува тешка бубрежна болест.
Кај здрави возрасни лица, не повеќе од 150мг протеини/24 часа се излачуваат со урината, главно албумини, но и други серумски протеини (имуноглобулини) се излачуваат.
Протеинурија е секое излачување на протеини во урината поголемо од 0.3 г/л. Протеинуријата е еден од најраните знаци на бубрежните болести и затоа е важно понатамошно испитување на функцијата на бубрезите.
Кај диабетичари, микроалбуминуријата укажува на почетна дијабетична болест на бубрезите (дијабетска нефропатија). Затоа одредување на микроалбуминурија се препорачува кај оваа ризична група.
Протеинуријата може да биде привремена (транзиторна) и постојана (перзистентна) и се утврдува со повторување на испитувањето.
Краткотрајно зголемување на протеините во урината се јавува при напорна физичка активност, екстремен студ или топлина, емоционален стрес, треска, при дехидрација.
Ортостатска (постурална) протеинурија е кога протеини се излачуваат во урината само по подолго стоење, во исправена позиција. Се наоѓа кај 5% здрави адолесценти и млади под 30 год. возраст. Но ако лицето има и крв во урината (хематурија) треба да се постави сомнение за некоја друга болест.
Болести и состојби кои водат до постојана протеинурија што може да укажува и на болест на бубрезите дури и кај лица без симптоми сеː
Доколку се детектира протеинуриа кај бремена жена, секогаш треба да се размилува за можноста од пре-еклампсија.
Протеинуријата е без симптоми но ако на време не се примети се јавува пенлива урина, отоци на лицето и нозете, бубрежна слабост. Два најчести ризик фактори за појава на протеинурија се дијабетес и хипертензија. Тие водат до оштетување на бубрезите и појава на протеинурија.
Обезноста и возраст над 65 год. се исто така ризик фактори за појава на протеинурија.
Можноста дека лицето страда од нарушување поврзано со бубрежна болест, треба да се разгледа при ː дијабетес, хипертензија, хронични воспалителни болести (пр. Ревматоиден артритис), инфекции на уринарниот тракт (лесна протеинурија е честа за време на воспалението).
Тест траките се најчесто користен метод за проценка на протеинуријата. Со методот се мерат албумини и не е соответен за други протеини во урината (имуноглобулини кај мултипли миелом).
Тестот може да е лажно позитивен (контаминација, многу алкална урина) и лажно негативен (разредена урина).
Протеинуријата не е специфична болест. Лекувањето зависи од причината.
Оставени нелекувани болестите на бубрезите може да доведат до трајно оштетување на бубрезите и до бубрежна слабост (бубрежна инсуфициенција).
Протеинуријата е ризик фактор за прогресија на бубрежните болести. Се препорачува дневен внес од 0.8 грама/кг телесна тежина.
Возрасни над 65 год., лица со историја за бубрежна болест во фамилијата, со дијабетес, со висок крвен притисок, обезни.