- Почетна
- За нас
- Услуги
- Персонал
- Галерија
- Во медиумите
- Контакт
Еден од основните показатели дека може да се работи за цревна инфекција е пролив (диареа). Секако покрај него често присутни се повраќање и покачена телесна температура. Кога е во прашање бактериска цревна инфекција кај децата, тие имаат чести проливесто-течни столици, со многу непријатен мирис, а понекогаш можна е и појава на крв во столицата.
- Кај дете кај кое постои сомнение за бактериска инфекција, се прави микробиолошки преглед на изметот (копрокултура), како би се открила точната причина за инфекцијата, би се изолирала бактеријата.
- Кај деца со покачена температура, обично се прави и крвна слика и ЦРП-како еден од показателите дека се работи за бактериска инфекција.
Кај голем дел од децата лекувањето оди со орална рехидратација (надополнување на течности кои најдобро е да се од електролитен тип.) Голема улога во третманот на бактериските инфекции има и адекватната диетална-антидијароицна диета (тоа подразбира лесна термички добро обработена храна која многу лесно се вари-ориз, морков,компир,со малку додаток на сол), која првите два дена мора да биде строга. Како постепено се нормализира столицата така се воведува и друга исхрана. Варено бело пилешко месо и телешка супа се најдобар начин за вовед во ,,нормална исхрана”. Треба да се избегнува храна што содржи јаглени хидрати (тестенини, слатко, колачи..)
Кај претходно здрави деца, најчесто не е потребен антибиотик, поради тоа што самиот имун систем е доволен да сам се избори со голем дел од бактериските инфекции. Но, секако дека има состојби кога неговата употреба е сосема оправдана и неопходна;
- кај бебиња во првите месеци од животот, кои по правило се лекуваат во болница;
- во случај кога општата состојба на детето не е добра: малаксалост, болки во стомакот, поспаност, повеќе течни столици, дехидратација, покачена температура.
Она што посебно би сакала да го потенцирам е тоа дека во случај на цревни инфекции употребата на пробиотик е ислкучително важна и оправдана.Така внесуваме т.н.,,добри” бактерии со кои би го зајакнале цревниот имунитет, и директно би помогнале во побрза елиминација на причинителот на инфекцијата.
Истите може да се даваат и подолг временски период по завршување на инфекцијата.
Автор на текстот:
Спец. педијатар
Др.Моника Топузовска
Превземено од www.bebeboom.mk